Овој „Mad Max“ Bentley е ѕвезда на серијалот Supercar Megabuild на National Geographic, со доработки вредни 25.000 фунти

bentley-continental-gut-rally-edition

На eBay пред некој ден започна наддавање за овој модификуван Bentley Continental GT. Станува збор за примерок кој е специјално доработен за потребите на серијалот Supercar Megabuild, кој се емитува на National Geographic.

Освен што е вистинска телевизиска ѕвезда, во ова возило е вложено 25.000 фунти.

i

Како што може да се види од сликите, каросеријата е проширена, вградено е комплетно ново ослонување, а автомобилот е поставен на робусни тркала со кои може да совлада скоро секаков терен.

u

Оригиналот бил во сребрена боја, а за да се вклопи во природното off-road опкружување лакиран е во мат зелена боја, која одлично му прилега.

Тука се и специјалните светлосни единици и дополнителните канистри со гориво.

bentley-continental-gt-rally-edition

Соодветна заштита вградена е на предниот и задниот крај, а заштитено е и подвозјето.

Големиот 6.0-литарски W12 мотор е сервисиран редовно, а на бројчаникот за изминати километри стои бројката од 190.000.

o

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.