Проблематичната трка доби финална разврска на зелена маса

FIA

„Карамболот во кој учествуваа Себастиан Фетел, Кими Раиконен и Макс Ферштапен беше обичен тркачки инцидент“, соопшти FIA.

Да се потсетиме, пилотите на Ferrari и Red Bull се судрија во првата кривина во Сингапур, по што сите тројца мораа да се откажат.

„Судиите ја прегледаа снимката од сите агли и земаа официјални изјави од Себастиан Фетел, Кими Раиконен, Макс Ферштапен и од претставниците на Ferrari и Red Bull. Утврдено е дека болидот со број 7 (Raikkonen) имал многу добар старт и бил во позиција да го претекне болидот 33 (Verstappen) од левата страна.

Во истиот момент, болидот 5 (Vettel), кој имал нешто полош старт, се придвижил на левата страна на патеката и тогаш дошло до контакт помеѓу болидите 7 и 33, по што се случува верижен судир во кој учествувале и болидите 5 и 14 (Alonso), кој исто така одлично стартувал.“

„По состанокот, судиите донеле одлука дека никој од возачите не сноси потполна вина за инцидентот и заради тоа нема да има понатамошна истрага,“ соопшти FIA.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.