Инструментите се однесуваат налудничаво, педалите за гас и сопирачки не функционираат, вратите сами се отклучуваат и заклучуваат…

Hack

Повеќето модерни автомобили користат најсовремена технологија за возењето да се направи што побезбедно и попријатно. Но, последните зборови на техниката имаат и свои слабости и се изложени на голем ризик од хакерско преземање.

Можностите за пробивање на автомобилските системи се повеќекратни и за сега нема делотворно решение за одбрана од натрапниците.

Израелската компанија Argus Cyber Security во својата демонстрација практично покажа колку современите автомобили се ранливи.

Помеѓу останатото, брзиномерот неточно ја чита брзината на движењето на возилото, педалите на гаста и сопирачката не функционираат, работата на инструментите е целосно пореметена, вратите сами се отклучуваат и заклучуваат и друго.

Демонстрацијата за хакувањето е прикажана на возило кое се движи со само 25 километри на час. Не сакаме ни да замислиме што се може да се случи при поголеми брзини.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.