Вистинските автоентузијасти одлично ги познаваат „лудите“ 60-ти години на минатиот век, кои по многу нешта ќе останат ненадминати, помеѓу останатото и по Mercedes C111

maxresdefault

Иако првата асоцијација за автомобилите на Mercedes е луксузот и престижот, не смеат да се занемарат и спортските амбиции на оваа германска марка.

При тоа, не мислиме на поновиот период, кога AMG дивизијата стана доминантна во овој сегмент на куќата, туку на богатата спортска историја на овој бренд.

Вистинските автоентузијасти одлично ги познаваат „лудите“ 60-ти години на минатиот век, кои по многу нешта ќе останат ненадминати.

Помеѓу останатото и по тоа што во 1969 година Mercedes го прикажа својот револуционерен експериментален спортски автомобил со ознака C111.

Попрецизно, станува збор за цела низа на прототипови, кои демонстрираа ултимативна употреба на различни најсовремени технологии, погонски агрегати и аеродинамични решенија, испитувајќи ги можностите за употреба на наведените достигнувања во подоцнежните успешни модели.

Оригиналниот C111 имаше каросерија од фиберглас и беше придвижуван од Ванкелов мотор со 3 ротори и директно вбризгување на гориво.

Унапредениот C111-II, претставен во 1970 година, доби мотор со 4 ротори, ослободувајќи сила од 370кс и максимална брзина од дури 290км/ч.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.