Познати по својот неверојатен возен парк, безбедносните сили на Дубаи одлучија дополнително да се модернизираат со возило кое како да пристигнува од научно-фантастичен филм од иднината

Dubai Police Hoverbike

Најлуксузно опремената полиција на светот наскоро го добива првиот hoverbike, односно летечки мотоцикл.

Станува збор за модел под име Skorpion 3 на руската компанија Hoversurf, со која полицијата на Дубаи потпиша договор кој ќе овозможи сериско производство на ова возило за нивни, полициски потреби.

Со автономија од 25 минути, овој електричен мотоцикл ќе служи за да се одбегне сообраќајната гужва во случај на вонредни ситуации.

Поседува четири елиси, кои го одржуваат во воздух и му овозможуваат максимална брзина од 70км/ч.

Кога овој мотоцикл ќе стане регуларен дел од полициските сили на Дубаи, најлуксузниот полициски возен парк на светот секако ќе стане и најекстравагантен.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.