Volkswagen смело одлучи да прикаже како изгледа новото Polo во основна, соголена варијанта

2

За разлика од првите фотографии објавени на на онлајн премиерата, каде новото Polo е прикажано во живописни екстериерни бои и со двобојна луксузно опремена кабина, базниот модел во Германија е во тмурна сиво-црна комбинација, како од надвор, така и внатре.

Особено е осиромашена внатрешноста на автомобилот.

1

Во основната варијанта, Polo е понуден без клима уред, со 5-брзински мануелен менувач, без впечатливиот мултимедијален систем, наместо кој е поставена обична црна маска која го нагрдува ентериерот.

Ниту надворешноста не е многу поинтересна, со тркалата од 14 инчи и базна сива боја.

3

Во Германија ваква спартанска верзија на новото Volkswagen Polo е опремена со 3-цилиндричен бензинец со сила од 75кс.

Почетната цена е од 12.975 евра, што е најблаго кажано, многу дискутабилна сума на пари за вакво возило.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.