По пауза од седум години викендов во Скопје ќе се одржи кружна трка „Скопје круг 2017“ во организација на АКК Примо АВЈ

PA310020-1024x768

Натпреварувачите ќе возат по традиционалната скопска патека пред зградата на Македонската телевизија на булеварот „Гоце Делчев“ и улицата „Беласица“ пред влезот во Скопски саем. Патеката ја задржува стандардната должина од 2.050 метри.

Трката, како што е најавено, ќе има и меѓународен карактер и на неа освен домашните возачи ќе настапат и екипажи од Србија, Бугарија и Косово, а има најава и за учесници од Грција.

Тренинзите и квалификациите ќе се одржат во сабота, на 20 октомври, а трките во недела 21 октомври. Двата дена настанот започнува од 12 часот. Во зависност од бројот на учесници, организаторот очекува дека ќе има три дивизии, односно три трки.

Извор: Либертас

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.