Од шведската компанија која до неодамна работеше во рамките на Volvo ни пристигнува првиот „самостоен“ автомобил со 600кс и 1.000Nm

0 Polestar 1 (2020)

Компанијата Polestar, која се бави со унапредување и тјунинг на автомобилите со марка Volvo (слично како Mercedes и AMG), од неодамна има многу повеќе слобода во своето работење и резултатот е веќе пред нас – Polestar 1.

Polestar-1-2020-1024-0a

Подобро упатените познавачи ќе се изјаснат дека и тука се работи за модел на Volvo, попрецизно Concept Coupe прикажан во 2012 година, претходник на новиот S90.

Возилото е базирано врз SPA (Scalable Platform Architecture) платформата на Volvo, со тоа што скоро половина од компонентите на основата се целосно нови.

Polestar-1-2020-1024-07

Polestar 1 е хибрид, придвижуван од два електромотори, кои со сила од 218кс ги погонуваат задните тркала.

Во исто време, предните тркала со погон ги снабдува 2.0-литарски турбо бензинец од 382кс, што значи дека „Поларната Ѕвезда“ (Polestar) располага со вкупно 600кс и 1.000Nm.

Polestar-1-2020-1024-08

Иако цената официјално не е соопштена, неофицијално се говори за сума која се движи помеѓу 130.000 и 150.000 евра, што ова возило го става во класа на престижни супер спортски автомобили.

Polestar-1-2020-1024-0e

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.