По темелната обнова на својата SUV/crossover ергела, Францускиот лав подготвува атрактивен наследник на сегашниот 508 модел

Peugeot 5082

Актуелниот Peugeot 508 е модернизиран 2014 година, додека неговиот наследник би требало да пристигне во автосалоните следната година.

По поранешни најави, новата 508-ка ќе биде направена на EMP2 платформата, која ќе овозможи осетно намалување на тежината во однос на претходникот. Кабината ќе обилува со повеќе комфор и комоција, сето тоа зачинето со квалитетни материјали и богата опрема.

Peugeot 508

Во гамата на погонските агрегати очекуваме палета на бензински и дизел мотори, како и хибридна верзија.

Еден од моторите во понудата би можел да биде и турбо 4-цилиндрашот од Peugeot 308 GTi.
Францускиот магазин Auto Moto објави нови рендери, кои го покажуваат можниот изглед на новиот Peugeot 508, додека повеќе детали очекуваме во наредниот период.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.