Porsche ги претстави лутите GTS верзии на новите Boxster и Cayman наменети за ентузијасти кои знаат да уживаат во возењето

Porsche-718_Cayman_GTS-2018-1024-07

Porsche 718 Boxster и Cayman GTS веќе на прв поглед се препознаваат по нагласениот спортски стајлинг на ентериерот – новиот преден браник и затемнетите фарови, додека позади се истакнува големиот спојлер.

Покрај ова, GTS моделите се опремени и со специјални црни 20-инчни алу фелни.

Ентериерот е преземен од стандардните верзии на Boxster и Cayman, со нови спортски седишта преслечени со алкантара и GTS ознаки.

За погон е употребен добро познатиот 4-цилиндричен 2.5-литарски турбо бензинец од S верзиите, со тоа што моторот е засилен за 15 кс, така да сега испорачува 365кс и 430 Nm.

Со PDK менувач двата модели стигнуваат до брзина од 100км/ч за 4,1 секунди, пред да достигнат максимални 290км/ч.

Porsche 718 Cayman GTS во Германија чини од 76.137 евра, а Boxster GTS има цена од 78.160 евра.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.