Новиот А7 Sportback е претставен на новинарите, додека пошироката јавност ќе може да го види на претстојниот Автосалон во Лос Анџелес

0 Audi A7 Sportback (2018)

Како и новиот А8 и 2018 A7 Sportback доби стајлинг делумно инспириран од атрактивниот Prologue концепт, додека како база послужи MLB платформата.

Новиот A7 Sportback може да се пофали со уште повеќе простор во луксузната кабина (ова се однесува пред се на просторот за коленици и глава на задното седиште), а волуменот на багажникот изнесува 535 литри/1390 со соборени задни седишта.

Што се однесува до моторната палета, во почетокот ќе се нуди само 3.0-литарскиот V6 TFSI бензинец со 340кс и 500 Nm во пар со 7-степен S tronic со двојно квачило и quattro погон, што е доволно за забрзување до 100км/ч за 5,3 секунди и максимални 250км/ч.

Пазарното лансирање е предвидено за февруари 2018 година, при што A7 55 TFSI quattro S tronic во Германија ќе чини 67.800 евра.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.