Додека автомобилската јавност со големо нетрпение го очекува дебито на новиот Super Sport Utility Vehicle (SSUV) Urus, се присетуваме на неговиот претходник – легендарниот LM002

LM002 3

LM002 е роден при крајот на 70-те, како проект на теренско возило со високи перформанси со употребна вредност во воени цели.

Моделот е наречен Cheetah, редизајниран е во 1981 и станува иновативен LM001 концепт.

LM002 2

Пет години подоцна, возилото влегува во серија под номенклатурата LM002, а на светот премиерно е претставено на Bruxelles Motor Show.

LM002 е опремен со моќен V12 мотор, развиен од Countach Quattrovalvole секторот, со алуминиумска каросерија и специјално дизајнирани Scorpion Pirelli пневматици.

LM002 4

Тоталните 300 единици се произведени од 1986 до 1992 година.

Токму од оваа причина можеме да повлечеме директна линија помеѓу овие две возила.

LM002

Додека Urus претставува раѓање на нов SSUV сегмент, кој нуди исклучителна сила, возачка динамика и перформанси, нова дизајнерска линија и извонреден ентериер, сето ова откривајќи ја очигледната врска и продолжувајќи го правец кој LM001 го воспостави во минатото.

LM002 5

Надминувајќи ги сите ограничувања кои ги поседуваа теренските возила, LM002 постигна голем пазарен успех, а тоа недвојбено ќе го постигне и новиот Urus.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.