Преференците на купувачите кон автомобилските бои се менуваат од година во година, но одделни нијанси подобро држат цена од другите

BMW-X2-2019-1024-02

iSeeCars анализираше податоци за 2,1 милиони автомобили произведени во последните 3 години, како и продадени возила во периодот септември 2016 – септември 2017 година, за да се утврди која боја на автомобилот највеќе влијае врз вредноста на возилото.

Анализите покажале дека не е злато се што сјае, па така е утврдено дека златната боја највеќе губи на вредноста – 37,1% во првите 3 години.

Peugeot-308_GTi-2018-1024-01

Следува виолетовата со 36,7%, најпопуларната боја е жолта, таа губи само 27% од вредноста, а следуваат портокаловата со 30,6 и зелената со 30,9%.

Црвените и белите автомобили се држат над просекот, со пад на вредноста од 32,6%, додека сините, црните, кафените и сивите „паѓаат“ за 33,5%.

Peugeot-308_SW-2018-1024-01

Доколку помисливте дека сребрените ги заборавивме, ќе наведеме дека ваквите автомобили имаат резултат од 34%.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.