Во PSA групацијата сериозно размислуваат за можноста на купувачите да им понудат и спортска GTi верзија на хит моделот 3008

Peugeot 3008 GTi2

Две опции се разгледуваат – првата опција е вградување на 1.6-литарски турбо бензинец, добро познат од 308 GTi, кој развива 270кс и 330 Nm.

Втората можност е хибриден погон, кој би ги комбинирал споменатиот агрегат и електромотор.

Хибридната верзија на можниот Peugeot 3008 GTi би располагала со околу 300кс и погон на сите тркала – електромоторот би ги движел задните, а бензинецот предните тркала.

Peugeot 3008 GTi

Исто така, очекуваме 3008 GTi да добие поатрактивен aero body кит, двобоен екстериер, поголеми алу тркала, спортски подесено подвозје, нов издувен систем, како и спортски ентериер.

Доколку ова брилијантно размислување се спроведе во дело, новиот модел најверојатно ќе се појави на пазарот во текот на 2019 година.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.