Германскиот авто клуб ADAC процени кои автомобили најмалку ги чинат сопствениците и состави ранг листа на најисплатливи модели

Clipboard

Листата ја сочинуваат само нови автомобили достапни на пазарот, пресметано е време на експлоатација од 5 години, со проценета годишна измината километража од 15.000 километри.

Во предвид се земени сите можни трошоци – гориво, одржување и поправање, цена на осигурување и амортизација.

Dacia-Logan_MCV-2017-1024-05

Во пониската средна класа на автомобили на ранг листата се доминантни руските и романските автомобили.

Lada Granta се наоѓа на третото место по економичност. Ова возило во Германија чини 10.050 евра, а месечните трошоци изнесуваат 389 евра.

granta

На второто место на ADAC Ранг листа на најисплатливи автомобили на европскиот пазар се наоѓа Dacia Dokker, со цена од 8.990 евра и месечни трошоци од 371 евра, додека на врвот е Dacia Logan MCV SCe 75 Essentiel со цена од 7.990 евра и 330 евра трошоци.

Dacia-Dokker-2013-1024-06

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.