Компанијата Avtovaz планира да започне со производство на 12 нови модели на марката LADA, најави генералниот директор Никола Мор

002

Компанијата Avtovaz, до 2026 година, планира да започне со производство на 12 нови модели на марката LADA, најави генералниот директор Никола Мор.

Мор прецизираше дека новите модели на пазарот ќе се појавуваат етапно.

Во 2019 година љубителите на руските автомобили ќе можат да набават два потполно нови модели, а за тоа време дури четири ќе имаат генерациски смени.

lada-m

Доколку првата етапа се покаже успешна, следува пласман на 10 нови автомобили на марката LADA и генерациска промена кај 7 модели.

Во текот на првите 9 месеци годинава, за прв пат во петгодишниот план, Avtovaz имаше оперативен профит од 1,9 милијарди рубљи (околу 27 милиони евра).

Приходот порасна за 22 отсто, во главно заради успешната продажба на LADA автомобилите.

10580108_805433409502151_8339019185503768232_n

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.