Во својата богата историја подолга од еден век Maserati пласираше бројни модели кои оставија длабока трага во авто-индустријата

Clipboard

Во својата богата историја подолга од еден век Maserati пласираше бројни модели кои оставија длабока трага во авто-индустријата. Меѓу нив посебно место завземаат Gran Turismo автомобилите.

Maserati A6 1500

На овој сегмент денес припаѓаат најновите верзии на моделите Maserati GranCabrio и GranTurismo, а на самиот почеток пред точно 7 децении тоа беше првенецот Maserati A6 1500.

Maserati Ghibli Coupe

Овој класик имаше 1.5-литарски бензински мотор, а за дизајнот беше задолжен Pininfarina.

Maserati Khamsin

Следниот во низата беше прекрасниот 3500GT од 1957 година, како еден од првите помасовно изработувани возила на овој произведувач.

3500GT

Следеше Maserati 5000GT од 1959 година, а куриозитет е што овој автомобил со V8 мотор е изработен на барање на персискиот шах.

Maserati 5000GT

Следниот во оваа импресивна низа е Ghibli Coupe од 1970 година, кој за погон користеше моќен 4.9-литарски V8 агрегат, а неговиот наследник Khamsin пристигна четири години подоцна.

Maserati 3200GT

По ова, требаше да помине скоро четврт век Maserati да го понуди 3200GT од 1998 година. Дизајнот го потпиша Giugiaro, a под хаубата се кријат 370кс.

GranTurismo ¿ GranCabrio

Низата од седумте величествени се завршува со најновиот пар GranTurismo и GranCabrio, кои користат 4.7 V8 со 460кс и 520Nm.

Повеќе вести од денес тука.

Facebook Comments

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.