Aston Martin ја претстави последната едиција на Vanquish со најавено производство од само 175 примероци и цена од скоро 300.000 евра

Aston_Martin-Vanquish_S_Ultimate-2018-1024-02

Следната година Aston Martin ќе ја претстави новата, трета генерација на моделот Vanquish, а пред тоа својот легендарен grand tourer ќе го понуди во последното актуелно издание, базирано врз најсилната S верзија – Aston Martin Vanquish S Ultimate.

Aston_Martin-Vanquish_S_Ultimate-2018-1024-01

Vanquish S Ultimate е придвижуван од атмосферски V12 мотор со 603кс и 630Nm најголем вртежен момент, а силата се пренесува на задната оска со ZF 8-степен автоматски менувач Touchtronic III.

Aston_Martin-Vanquish_S_Ultimate-2018-1024-03

Максималната брзина на овој луксузен четирисед е 323км/ч, а од 0 до брзина од 100км/ч пристигнува за само 3,5 секунди.

Aston_Martin-Vanquish_S_Ultimate-2018-1024-04

Со оваа, последна едиција пристигнуваат и 3 нови бои на каросеријата, во комплет со адекватен ентериер, изработен од најквалитетни материјали.

Aston_Martin-Vanquish_S_Ultimate-2018-1024-05

Цената на купе верзијата изнесува 278.995 евра, додека за Volante е потребно да се издвојат 293.995 евра.

Aston_Martin-Vanquish_S_Ultimate-2018-1024-06

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.