Hennessey го претстави хипер автомобилот Venom F5 за кој се тврди дека е побрз од моќниот Chiron

F5

Овој застрашувачки хипер автомобил е направен со цел да биде најбрз сериски модел на светот кој може да се вози по јавни патишта.

Неговите творци најавуваат максимална брзина од преку 300 миљи на час (482км/ч), а од таму е и номенклатурата F5, која по Фуџита скалата претставува торнадо со најголема брзина на ветерот.

F52

Овој супер моќен хипер автомобил користи нов 7.4-литарски twin-turbo V8 направен од алуминиум, во пар со 7-степен секвенционален менувач.

Монструозниот мотор испорачува дури 1.622кс и развива вртежен момент од 1.762Nm. Тоа е доволно за овој само 1.338 килограми тежок болид да го вивне до брзина од 300км/ч за помалку од 10 секунди.

Произведувачот тврди дека на Hennessey Venom F5 за забрзување/сопирање 0-400-0км/ч му се потребни помалку од 30 секунди.

За споредба, за истиот потфат Bugatti Chiron потроши 41,96 секунди, додека резултатот на моменталниот рекордер Koenigsegg Agera RS изнесува 36,44 секунди.

Hennessey планира ултра ексклузивна серија од само 24 единици на Venom F5, по цена од 1,6 милиони долари.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.