На нашите фаворити им посакуваме ништо помалку од тројна победа – WE LOVE DUST!

dkr

По завршената серија на тест возења во Мароко, Peugeot Total кој ги освои првите три места на подиумот на Дакар 2017, е подготвен за следното издание на најтешкото рели на светот.

Во јануари четири екипи на тимот на соништата на Peugeot ќе тргнат на жестока авантура долга околу 10.000 километри преку Перу, Боливија и Аргентина.

На програмата на релито Дакар 2018 се 15 етапи, по различен релјеф и подлоги и екстремни метеоролошки услови.

Peugeot 3008 DKR Maxi la nueva bestia que quiere conquistar el Dakar 2018

Додека составот на Peugeot Total тимот за релито Дакар 2018 останува ист како минатата сезона, тркачкото возило претрпело коренити измени со цел оптимизирање на перформансиte.

Техничката екипа на Peugeot SPORT прецизира дека конструкцијата на новиот Peugeot 3008DKR Maxi се базира врз серискиот модел на Peugeot 3008, кој е прогласен за Автомобил на годината 2017, со 3-литарски мотор со двоен турбо полнач и две погонски тркала.

Највидливите измени се однесуваат на трагите на тркалата кои сега се проширени за 20 сантиметри, заради подобрена стабилност.

84147

Сите четворица возачи и совозачи активно учествува во тест возењата, така да Peugeot 3008DKR Maxi извозе повеќе од 18.000 километри во Мароко, Португалија и Франција.

На нашите фаворити им посакуваме ништо помалку од тројна победа – WE LOVE DUST!

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.