Во рамките на обуката, веднаш по теоретскиот дел, беше извршена и статичка презентација со цел подобра визуелна перцепција на новитетите и опциите кои ги нуди овој нов SUV

Peugeot-5008-2017-infographic

На ден 5.11.2017, во Еуроимпекс, беше извршена регионална обука за новиот SUV Peugeot 5008. Обуката беше водена од страна на г-динот Дарко Радончиќ, составена од теоретски и практичен дел во која тој ги пренесе најновите информации за новиот SUV Peugeot 5008.

sl1

На обуката посебно истакнати беа големиот број на безбедносни мерки при возење како што се: Active Safety Brake & Distance Alert, Active Lane Departure Warning, Driver Attention Warning, Smart Beam Assistance, Speed Limit Sign Recognition & Recommendation, Adaptative Cruise Control With Stop Function, Active Blind Spot Monitoring, 360° View, како и богатата дополнителна опрема која е овозможена кај овој модел на SUV, со цел да го олесни користењето и да го зголеми уживањето на потенцијалниот купувач.

sl2

Во таа насока беше споменат и Advanced Grip Control + HADC системот, кој е еден од најважните елементи за еден ваков SUV модел. Системот го прилагодува возењето на секаков вид на терен и соодветствува на 5 режими на возење.

sl3

Во рамките на обуката, веднаш по теоретскиот дел, беше извршена и статичка презентација со цел за подобра визуелна перцепција на новитетите и опциите кои ги нуди овој нов SUV.

sl4

Опцијата за 7 седишта како дополнителна опција беше прикажана и во статичката презентација каде имавме можност да монтираме и демонтираме едно од седиштата за уште поголем простор во багажниот дел (+39 литри).

sl5

Тимот на Еуроимпекс и нашата дилерска мрежа во регионот, секогаш Ви стои на располагање, а за повеќе информации околу новиот Peugeot 5008 кликнете ТУКА.

sl6

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.