Засилете ги звучниците на максимум и уживајте во возењето на овој спортист вреден 152.400 евра

maxresdefault

Новиот Porsche 911 GT3 е исклучително забавен спортски болид, пред се благодарение на атмосферскиот 6-цилиндричен боксер мотор со 500кс и 460Nm.

Иако стандардно е опремен со 7-степен PDK, опционо може да се испорача и со 6-степен рачен менувач.

До стотка пристигнува за само 3,2 со автоматски, односно за 3,8 секунди со рачен менувач и не застанува до максималните 322км/ч.

Агресивно дизајнираните браници, по пример на хипер спортистот Porsche 918 Spyder, ги зголемуваат атрактивноста и стабилноста, а тука е и одличното адаптивно ослонување.

Сигурни сме дека ве интересира како овој болид звучи во акција на Автобан, засилете ги звучниците на максимум и уживајте во возењето на овој спортист вреден 152.400 евра:

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.