Италијанскиот произведувач претстави футуристички концепт настанат во соработка со американскиот институт за технологија Масачусетс (MIT)

Lamborghini-Terzo_Millennio_Concept-2017-1024-02

Како што говори самата номенклатура, Terzo Millennio е осмислен како супер автомобил за третиот милениум, а за да го оправда овој назив возилото има исклучително аеродинамична форма, ултра лесна конструкција и електричен погон.

Lamborghini Terzo Millennio силата ја добива од 4 електромотори, кои се напојуваат со енергија од супер кондензатори вградени во каросеријата на возилото, а новата технологија придонесува и за значително намалување на масата на возилото.

Lamborghini-Terzo_Millennio_Concept-2017-1024-03

Lamborghini не ги изнесе спецификациите за концептот, но прецизираше дека погонскиот систем е така смислен да може значително да го намали временскиот интервал за батериското полнење во однос на актуелните електромобили.

Претставените технологии на овој концепт сепак и припаѓаат на иднината и не треба да се очекува дека во догледно време ќе ги видиме на сериските Lamborghini модели.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.