На видео прилогот јасно се гледа дека болидот на Koenigsegg во еден момент постигнува брзина од дури 457км/ч!

Agera RS

Во двата обиди за соборување на рекордот, возејќи по патот со ознака Route 160 во Невада, новиот најбрз сериски автомобил на светот достигна просечна брзина од 444,6км/ч и со тоа го собори рекордот на Bugatti.

Како што се гледа и на снимката, во првиот обид Коenigsegg постигнува максимална брзина од 437,7км/ч, додека во другиот дури 457,5км/ч.

Со собирање на овие два параметри и сметање на нивниот просек се добива средна брзина која во наредниот период ќе стои во Гинисовата книга на рекорди.

Компанијата прецизираше дека рекордот е постигнат со стандардни Mischelin Pilot Sport Cup 2 пневматици.

Bugatti ќе се обиде да ја поврати титулата со својот Chiron следната година, кој по поранешни проценки, со стандардни пневматици може да достигне брзина од 450км/ч, додека со напредни гуми проектираната брзина е дури 483км/ч.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.