Пред да почнат да ги жигосуваат автомобилите, скопските градоначалници треба да знаат дека возилата учествуваат во аерозагадувањето со само 8% и да дадат личен пример раководејќи се од градоначалничката на Гетеборг која секојдневно користи велосипед или градски превоз и нема службена кола ниту личен шофер

01

Пред да почнат да ги жигосуваат автомобилите, скопските градоначалници треба да знаат дека возилата учествуваат во аерозагадувањето со само 8% и да дадат личен пример раководејќи се од градоначалничката на Гетеборг Ann Sofie Hermansson која секојдневно користи велосипед или градски превоз и нема службена кола ниту личен шофер, а располага со десетина пати поголем буџет од скопскиот.

16547721_304

На возилата ќе се лепат налепници при технички преглед со цел да се утврди кое возило колку загадува и по потреба да биде исклучен од сообраќајот.

Ваквата мерка ја најави градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов по средбата со градоначалниците на скопските општини, министерот за животна средина и преставничката на Програмата за развој при Обединетите нации на која се разговараше за мерките за намалување на загаденоста на воздухот.

FYROM ENVIRONMENT AIR POLLUTION

„На технички преглед се оди секоја година, и сега некаде се мери количината на издувни гасови, а некаде не. Со ова сакаме тоа да биде задолжително и врз основа на тоа возилото да се категоризира и да се мапира за да добие соодветна еко налепница, која ќе има соодветна боја, за да можам како градоначалник административно да забранам движење во одреден период на оние возила што најмногу загадуваат, на пример оние со црвена налепница“, изјави Шилегов.

zagaduvanje-zelezara

Шилегов надополни дека град Скопје и МВР подготвуваат законски измени со кои што при технички преглед на возилата, ќе се мери количеството и составот на издувните гасови што ги испуштаат возила и врз основа на тој параметар ќе добијат соодветна еколошка налепница која ќе покажува кој автомобил колку придонесува во загадувањето.

images

Како што појасни градоначалникот на Скопје, анализата и категоризацијата на возилата по испуштањето на штетните гасови се прави согласно правилата на Европската комисија.

Шилегов напомена дека очекувањата се до крајот на 2017 година да се донесат потребните законски измени, а до крајот на наредната година да бидат мапирани и обележани сите возила.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.