Typhoon верзијата на BMW X5 M е еден од најсилните SUV модели на светот

G-Power BMW X5 M Typhoon2

Typhoon верзијата на BMW X5 M е еден од најсилните SUV модели на светот, за што сведочат параметрите за силата и брзината.

G-Power го засили 4.4-литарскиот V8 твин турбо агрегат на 750кс и 980Nm вртежен момент.

G-Power BMW X5 M Typhoon

Податокот за забрзувањето од место до брзина од 100км/ч не се наведува, но се соопштува дека најголемата брзина е поголема од 300км/ч, како и дека четврт милја (402 метри) изминува за 11,5 секунди.

Во пакетот се и Hurricane RR алу тркала од 23 инчи во неколку различни бои.

G-Power BMW X5 M Typhoon3

Пневматиците се со димензии 315/25ZR23, а тука се и предните црни „бубрези“. Во aero body китот спаѓаат проширени калници, нови браници и прагови, заден дифузер.

Хаубата е од јаглеродни влакна, потпирањето е модификувано, а тука е и спортскиот издувен систем направен од титаниум.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.