Во тешка сообраќајна незгода во Мајами Lamborghini Huracan буквално се распадна на два дела

lamborghini-huracan-crash

Во тешка сообраќајна незгода во Мајами Lamborghini Huracan буквално се распадна на два дела, а што е уште поневеројатно патниците поминаа само со полесни повреди.

Во САД минатиот месец во „вечни ловишта“ се пресели уште едно Lamborghini и тоа нов Huracan.

По судирот под неразјаснети околности, кој се случи во Мајами во раните утрински часови, супер автомобилот е буквално преполовен.

Предниот дел завршил на блискиот паркинг, а задниот се „паркирал“ насред булевар.

Целата случка да биде уште поневеројатна, иако непосредно по жестокиот карамбол возилото се запалило, возачот и совозачот поминале само со полесни повреди, што е уште еден доказ колку ова возило е безбедно.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.