Новото истражување на MIT докажува дека Tesla S во својот животен циклус емитува повеќе CO2 од бензински автомобил од А сегмент

rsreviewteslamodels60holdingstillrs

Истражувањето објавено од MIT (Massachusetts Institute of Technology) покажа дека Tesla Model S во својот животен циклус емитува повеќе CO2 од, на пример, Mitsubishi Mirage (мал економичен модел кој еволуираше од Colt) со бензински мотор.

Истражувачите од MIT ја анализирале целокупната потрошувачка на CO2 за моделите Tesla S, Mitsubishi Mirage и BMW 750 xDrive и дошле до изненадувачки резултати. Во текот на својот животен век Tesla Model S емитува 226г/км, серија BMW 750 xDrive дури 385г/км, додека Mitsubishi Mirage само 192г/км.

2016-tesla-modelS-p90d-v-bmw-730d-comparison-22

Земена е во обзир енергијата која е вложена во производството на возилото и емисијата на CO2 во тој процес, како и за рециклажата на крајот на автомобилскиот век. Исто така, во мерењата е вкалкулирана и емисијата на CO2 од потрошувачката на горивото во возење, како и емисијата на CO2 од производството на електричната енергија.

Во заклучокот на истражувањето се констатира исклучително големо влијание на големината на електромобилот и неговите батерии на CO2 емисијата. Процесот на ископување и преработка на Литиумот е оценет исто така како голем извор на CO2 и индустријата која ја валка животната околина.

e71977a822ae74947f7c7070695f1324

Потребата за поголеми возила и поголема автономија подразбира и поголема маса на самиот автомобил, а со самото тоа и поголеми батерии, што од друга страна значи и зголемена потреба за Литиум и Кобалт.

Повеќе вести од денес тука.

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.