Компанијата Singer од Калифорнија се бави со реставрација на класични Porsche модели, а нивниот последен проект е вистинско ремек дело настанато во соработка со Williams

SINGER-DLS07

Службеното име на проектот гласи DLS (Dynamics and Lightweight Study), а како што и самото име говори, акцентот е на што подобри перформанси и редуцирање на вкупната маса.

За погон е задолжен 4.0-литарски бензинец со сила од 500кс, развиен од легендарниот Porsche инженер Ханс Мецгер.

Аеродинамиката е дело на уште еден стручњак – Норберт Сингер, помеѓу останатото „виновен“ за 16 победи на Porsche на Ле Ман.

Со сето ова, возилото е олеснето благодарение на обемна употреба на ултра лесни и егзотични материјали, како што се магнезиум, титаниум и карбонски влакна. Ова резултираше со вкупна маса од само 990 килограми.

Singer и Williams се одлучија за уредување на само 75 примероци на Porsche 964, а за цената се дискутира само со сопствениците.

Уживајте во фото галеријата:

Повеќе вести од денес тука.

Facebook Comments

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.