Редакцијата на „Високи Октани“ и РСБСП апелираат до сите надлежни институции да ја позиционираат безбедноста на сообраќајот на врвот на агендата на дејствување и истовремено, апелираме до секој учесник во сообраќајот да покаже повисоко ниво на свест, одговорност и будност

DOkjTUAWAAAXSec

Во Република Македонија годишно животот во сообраќајни незгоди го губат околу 160 лица, а повеќе од 6000 лица се повредени што претставува катастрофален резултат.

Според податоците на Светската здравствена организација, на светско ниво, годишно околу 1.3 милиони луѓе го губат животот во сообраќајни незгоди, а околу 50 милиони се здобиваат со повреди како последица на сообраќајна незгода. Голем број од загинатите и повредените се деца и млади.

policija-soobrakajna-nesreka

Обединетите Нации ја прогласија декадата 2010-2020 како декада за безбедност на друмскиот сообраќај, а секоја година во месец ноември се одбележува „Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди“.

По повод „Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди“, 19 ноември, редакцијата на „Високи Октани“ и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата апелираат до сите надлежни институции да ја издигнат безбедноста на сообраќајот на патиштата на врвот на агендата на дејствување, но исто така, апелираме до секој поединец – учесник во сообраќајот, да покаже повисоко ниво на свест, одговорност и будност.

Повеќе вести од денес тука.

Facebook Comments

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.