Ferrari F2001 во кој Михаел Шумахер ја освои четвртата од вкупно седум титули на светски шампион во „Формула 1“ е продаден на аукција за рекордна сума пари

Ferrari F2001

Ferrari F2001 во кој Михаел Шумахер ја освои четвртата од вкупно седум титули на светски шампион на „Формула 1“ е продаден на аукција во Њујорк за рекордна сума пари, кога станува збор за Ф1 болиди.

Иако во Sotheby’s прогнозираа дека Ferrari F2001 ќе достигне сума помеѓу 4 и 5,5 милиони долари, таа прилично ги надмина дури и најсмелите очекувања и оствари рекорд.

Станува збор за највисока сума на сите времиња која некој Ф1 болид ја остварил на продажна аукција.

Scuderia Ferrari 248 F1 Launch

До сега најскапиот тркачки болид од „Формула 1“ беше платен 3,2 милиони долари во 2005 година.

Исто така, се работи за возило во кое Михаел Шумахер остваруваше победи – Ferrari F2004.

Болидот е во извонредна возна состојба, со 3.0 V10 кој се врти до 18.500в/мин и развива 900 и ги исполнува сите услови за натпреварување на трки на историски и спортски возила.

Повеќе вести од денес тука.

Facebook Comments

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.