ВЛАДИВОСТОК – Повеќе од 250 сообраќајни несреќи за помалку од 24 часа на заледените улици во Русија по првиот снег

RT

ВЛАДИВОСТОК – Повеќе од 250 сообраќајни несреќи за помалку од 24 часа на заледените улици во Русија по првиот снег, објави RT.

Снимките на овие несреќи на целосно заледените улици се објавени на друштвените мрежи. На нив јасно се гледа како возилата се однесуваат како санки, потполно губејќи контрола и управливост, удирајќи во се што им се наоѓа на траекторијата.

RT наведува дека нема загинати, но повредени се осум луѓе.

Владивосток се наоѓа на крајниот исток на Русија, во близина на границата со Кина и НДР Кореа.

Станува збор за најголемото пристаниште на Тихиот океан и центарот на Пацифичката флота на Руската морнарица.

A post shared by Matrix (@nickitamatrenin) on

Повеќе вести од денес тука.

Facebook Comments

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.