Исклучително важен модел за историјата на марката Peugeot достигна вртоглава цена на аукција

canvas18

На почетокот на 20-от век Peugeot доминираше на тркачките патеки ширум светот, а Peugeot L45 Grand Prix од 1914 година е икона на богатата натпреварувачка историја на францускиот произведувач.

Во него нижеа победи легендарни имиња како што се Dario Resta, Ralph Mulford, Jules Goux и други.

Возилото е во совршена состојба, на него се е оригинално, исто како кога во далечната 1914 година бил во рацете на Peugeot.

Интересно е што Peugeot L45 Grand Prix иницијално е придвижуван од 3.0-литарски мотор, кој во 1916 година е заменет со поголем 4.5-литарски 4-цилиндраш со две брегасти осовини, четири вентили по цилиндар и 115кс при 2800 вртежи.

Освен славното тркачко минато, една од причините зошто ова историско Peugeot постигнало толку висока цена лежи во фактот што шасијата и моторот ги имаат ознаките No. 1.

Тоа значи дека станува збор за прв ваков примерок, а со обзир на тоа дека не се знае за втор „преживеан“, може да се каже дека овој Peugeot L45 е последен оригинален Gran prix модел од брилијантиот тркачки период на францускиот произведувач, со кој во тоа време можел да се мери само Mercedes.

Повеќе вести од денес тука.

Facebook Comments

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.