Легендарната британска компанија го претстави новиот Vantage инспириран од моделот DB10, специјално направен за потребите на најновиот Џејмс Бонд 007 филм

Aston_Martin-Vantage-2019-1024-19

Инспириран од моделот DB10, кој Aston Martin го направи за потребите на најновиот филм за британскиот таен агент Џејмс Бонд 007, Vantage од новата генерација ја задржува основната концепција на спортско купе.

Со оптимален распоред на маса по осовините и „диета“ која резултираше со 136 килограми помалку во однос на претходната генерација, алуминиумскиот Vantage во комбинација со унапредениот AMG 4.0-литарски V8 агрегат со сила од 510кс и 685Nm од место до стотка пристигнува за 3,6 секунди и постигнува максимални 314км/ч.

За пренос на силата врз задната оска задолжен е новиот 8-степен ZF автоматски менувач, а од вториот квартал следната година Vantage ќе се нуди и со рачен менувач.

Во легендарната британска автомобилска компанија за сега не ја спомнуваат најсилната V12 верзија.

Повеќе вести од денес тука.

Facebook Comments

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.