На домашните патишта повеќето лежечки препреки на патот се нелегални, а една британска студија докажа дека само десетина преоѓања преку овие појави на патот можат да бидат фатални за подвозјето

2

На домашните патишта повеќето лежечки препреки на патот се нелегални, а една британска студија докажа дека само десетина преоѓања преку ваква појава на патот може значително да ја измести геометријата на потпирањето, а со тоа и стабилноста на возилото.

Ваквите лежечки полицајци во културни земји се применуваат на паркиралишта, бидејќи за тоа се наменети, а не на сообраќајници.

Кога предоцна ќе ја здогледаат чудовишната појава на сред коловоз, наречена „лежечки полицаец“, многу од возачите панично сопираат со што рескираат повеќекратна штета на автомобилот.

1

При ваков случај советуваме силно сопирање, но пред допирот со препреката да се отпушти сопирачката за предното потпирање на возилото да има време да се растегне, омекне и овозможи стандардна амортизација.

Доколку се сопира силно при самото преоѓање преку „полицаецот“ доаѓа до собирање на предните опруги и амортизери и самото потпирање е многу потврдо.

Со ова при ударот настанува повеќекратно оптоварување на лежаите, споните, зглобовите и амортизерите.

3

Значи да прецизираме, подобро е преку препреката да се помине со нешто поголема брзина, од колку да се сопира на неа.

Успорувачите би требало да бидат направени така да сите возачи можат, на пример со пропишана брзина од 30км/ч, да ги поминат без никакви проблеми, а доколку се вози над дозволената брзина да се почувствуваат некои вибрации и мало потскокнување, а никако удар врз подвозјето.

Повеќе вести од денес тука.

Facebook Comments

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.