Италијанскиот бренд потпиша повеќегодишен договор за техничко и комерцијално партнерство со швајцарскиот F1 Sauber тим и стартува веќе од следната сезона

Alfa-Romeo-Racing-Logo

Италијанскиот бренд, кој е дел од групацијата FIAT Chrysler Automobiles (FCA), потпиша повеќегодишен договор за техничко и комерцијално партнерство со швајцарскиот F1 Sauber тим и ќе учествува во светскиот шампионат на „Формула 1“ од 2018 година.

Како е соопштено, болидите ќе носат препознатливи бои и лого на брендот Alfa Romeo и ќе бидат опремени со Ferrari мотори.

Alfa-Romeo-F1-return-with-Sauber-F1-Team

Договорот опфаќа стратешка, комерцијална и техничка соработка во сите можни области на развојот, вклучувајќи го и пристапот на инженерската пракса и стручниот персонал на брендот Alfa Romeo.

Партнерството ќе пружи и дополнитетелни можности на двете страни и во „Формула 1“ и во автомобилската индустрија воопшто, а официјалниот назив на екипата ќе биде Alfa Romeo Sauber F1 Team.

„Овој договор со Ф1 тимот на Sauber претставува значителен чекор кон преобликувањето на брендот Alfa Romeo, кој се враќа во Формула 1 по повеќе од 30 години пауза“, изјави првиот човек на FCA, Серџо Маркионе.

Повеќе вести од денес тука.

Facebook Comments

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.