На Автосалонот во Лос Анџелес Jeep ја претстави новата генерација на својот легендарен теренец

Jeep-Wrangler_Unlimited-2018-infographic

Кај дизајнот на екстериерот и на ентериерот на Jeep Wrangler моделска година 2018 нема изненадувања и сензации.

Произведувач не ризикува, држејќи се за старата пробана формула на минимална стилска модернизација. Тоа што и се допаѓа на масата задоволни купувачи не се менува, што е типично американски.

Полесен за 90 килограми од својот претходник, се нуди со два бензински агрегати, а во подготовка е и 3.0-литарски дизелаш.

Jeep-Wrangler-2018-infographic

Првиот бензинец е 3.6 V6 Pentastar со 286кс и 353Nm, во пар со 6-брзински мануелен или 8-степен автоматски менувач.

Втората бензинска опција е 4-цилиндричен 2.0 турбо агрегат со сила од 268кс и 400Nm и достапен е исклучиво со автоматски преносен систем.

На купувачите, како и до сега, ќе им бидат на располагање неколку различни верзии на Wrangler со две и четири врати.

Пократкиот модел ќе биде во Sport, Sport S и Rubicon нивоа на опрема, а долгиот со 4 врати ќе се продава под ознаките Sport, Sport S, Sahara и Rubicon.

Новиот Wrangler во продажните салони на домашниот пазар пристигнува во јануари 2018 година, а цените не се објавени.

Повеќе вести од денес тука.

Facebook Comments

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.