Иако возачите масовно реагираат дека плаќаат премногу, при тоа возејќи по руинирани патишта, сегашните цени на патарините нема да претрпат намалување

2

До крајот на следната година се очекува да заврши инсталацијата на системот за електронска наплата на патна такса и модернизацијата на патарините долж Коридорот 10, почнат уште во 2014 година.

Пуштањето на новиот систем, како што вели директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов, нема да предизвика намалување на бројот на вработените. Смета, како што вели, дека сегашните цени на патарините не треба да имаат корекции и покрај коментарите на граѓаните дека плаќат многу, а возат по руинирани патишта.

Треба да се има предвид и тоа дека дел од граѓаните се возат, а не плаќаат и ќе мора да се стави плаќање и на излез.

– Во патарините имате затворен и отворен систем. Сега ако се возите од кај Гевгелија и на крстосницата кај Неготино – Кавадарци свртите за Прилеп не плаќате ништо. Сега таму ќе поставиме патарина, возењето да се плати пресметано за минатата километража. Така е на Запад. Ќе има сосема солиден спореден пат. Ние сме должни кога се гради автопат да има спореден пат, изјави за МИА Китанов.

Со проектот за електронскиот систем на наплата, што според првичните најави требаше да биде готов до крајот на минатата година, требало да бидат модернизирани патарините кај Романовце, Петровец, Сопот, Отовица и Градско и да има нови кај Демир Капија и кај Смоквица. Планираните активности чинат 18,7 милиони евра, од кои 15 милиони евра од Европската банка за обнова и развој, а останатите од државниот Буџет.

Изградена е само наплатната рампа кај Романовце, а за останатите, новиот директор на ЈПДП Китанов вели дека неодамна издал дозволи за градба бидејќи претходната власт не го направила тоа, иако за тоа имале две години.

è¿Gá¡«ó

– Градежните дозволи стоеја две години. Многу симптоматично е што претходниот директор знаел дека се чекаат дозволи за градба и оттука замина и на позиција министер. Не ми е јасно што му било тешко да каже или зошто не го интерсирало. Исто така и неговиот наследник. Во соработка со министерот за транспорт и врски ги издадов сите пет дозволи за еден месец – за контролниот пункт и за патарината кај Петровец, за двете патарини кај Велес и за патарината кај Кавадарци. За недела-две треба да ги добиеме и двете дозволи за градби за патарините кај Демир Капија и кај Смоквица, информира Китанов.

По издадените дозволи, како што информира, интензивно се работи на изградбата на патарините Петровец, Сопот, Отовица и Градско. Зависно од динамиката за изградба, која би траела околу осум месеци, но и рокот за употребна дозвола и технички прием, може да се очекува проектот да биде заокружен до крајот на следната година, но и порано.

– Кога се разговарало за изградба на новите патарини и воведување на новиот систем со припејд картичка што се дополнува и електронската што се става во возилото и при проаѓање сигнализаторот ја чита и се крева рампата за поминување, заборавиле дека треба да има преодна фаза за да може да се плаќа во готово. Ако го воведеме системот вака, на пример пред јуни, одеднаш ќе имаме огромни колони автомобили. Истовремено, има ли смисол да воведеме електронска наплата само на Романовце, а на останатите возачите повторно да плаќаат со пари. Не може да се купува припејд картичка само за една патарина. Затоа барам од изведувачот да стави и дополнителна опција за плаќање во готово. Со тек на време, како што ќе се омасовува користењето на припејд картичките, постепено ќе се исклучуваат тие со плаќање во готово и на крај ќе се остави само една за секој случај, појаснува директорот на ЈП за државни патишта.

Во меѓувреме, на останатите патарини на Коридор 8 се менуваат кабините, а се планира и таму да се стави опција со нов софтвер за електронска наплата и категоризација. Сега се прават годишните програм проекти и ќе се утврди дали преку проектот на ЕБОР може да се прошири финансискиот дел и за автопатот Миладиновци – Штип затоа што за предвидените две патарини уште не се почнати активности за изградба.

Планираме следната година да се градат двете патарини или преку пари од ЕБОР или сами да ги финансираме, информира Китанов, посочувајќи дека дополнително ќе се планираат активностите за изградба на патарините на автопатот Кичево-Охрид, каде со изведувачот, кинески „Синохидро“, уште се преговара за нов рок за изградбата и за дополнителните трошоци.

Patarina

Опции за поевтина патарина и категоризација на возилата

– Тие што ќе користат припејд да речеме ќе плаќаат 10 проценти помалку. Ако плаќаш 40 денари за некаде сега ќе плаќаш 36 денари. Вака кажано новината можеби и не звучи дека е многу корисна, но таа ќе му биде важна за ској што секојдневно вози по автопат има, на пример, има десет автобуси или 100 камиони. На тој начин ќе ги мотивираме. Луѓето ќе видат дека им е многу попрактично да носат со себе припејд картичка. Процесот ќе оди многу побрзо. Иако сега има четири рампи во еден правец, на пример, во иднина ќе има шест. Ќе бидат со поголем проток, проширени и модернизирани.

Новиот систем ќе врши и категоризација на возилата. Тука, како што посочува, повторно доаѓаме до тоа дека не се мислело навреме да се интегрира системот целосно.

– Не е добро да има ваков систем на Коридор 10, а на Коридор 8 да биде стариот. Тогаш на едното место големото комбе ќе плаќа 100 денари, а на другото 80 денари. Не е исто комбенце и комбе со 20 патници. Тоа во законот е решено, а не се применува, но новиот систем распознава и веднаш ќе го стави друга категорија комбето со 20 патници, вели Китанов.

Извор: МИА

Повеќе вести од денес тука.

Facebook Comments

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.