Сериската верзија на новиот супер спортски теренец на „Ламбо“ конечно и официјално е претставена на јавноста

0 Lamborghini Urus (2019)

По цели пет и пол години од промоцијата на истоименото концепт возило, сериската верзија на новиот супер теренец на „Ламбо“ конечно и официјално е претставена на светската јавност.

Како што веќе најави Стефано Доменикали, првиот Super Sports Utility Vehicle на светот е долг 511 сантиметри и е придвижуван од 4.0-литарски V8 битурбо со 650кс и 850Nm, со систем за деактивација на цилиндрите.

Lamborghini-Urus-2019-1024-0c

Агрегатот е во пар со 8-степен автоматик, со системот Active Torque Vectoring, погонот и управувањето е на сите тркала (21 и 23 инчи).

По фабричките податоци, ова 2.200 килограми тешко возило од место до брзина од 100км/ч забрзува за само 3,6 секунди, до 200км/ч пристигнува за 12,8, додека најголемата брзина изнесува 305км/ч.

Доколку некого интересира, потрошувачката на гориво на 100км изминат пат изнесува 12,7 литри.

Lamborghini-Urus-2019-1024-04

Треба да прецизираме дека Urus е направен на истата платформа која веќе ја користат Audi Q7, Bentley Bentayga и Porsche Cayenne.

Големо внимание привлече и системот ANIMA (Adaptive Network Intelligence Management). Системот подразбира повеќе модови на возење – Strada за пат, Sport спортско возење, Corsa за патека, Neve за снег, Terra за off-road и Sabbia за песок.

Во богатата опрема се опфатени и предни/задни паркинг сензори, електрично отворање на багажникот, активниот cruise control, keyless start, 12.3-инчна дигитална инструмент табла, музички систем со 8 звучници, електрични седишта со греење, head-up дисплеј, ТВ тјунер, камера со поглед од птичја перспектива, Apple CarPlay/Android Auto и неизбежните алкантара, кожа и јаглеродни влакна во ентериерот.

Позната е и цената, која на европскиот пазар изнесува од 171.500 евра. Во план се 3.500 единици годишно, испораките започнуваат од следната пролет, а од 2019 пристигнува и plug-in верзија.

Повеќе вести од денес тука.

Facebook Comments

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.