Top Gear магазинот ги одбра автомобилите кои ја одбележија годинава

chiron_0

Титулата „Хиперавтомобил на годината“ сосема очекувано и заслужено ја доби Bugatti Chiron. Жирито тука било едногласно, а пресудни биле перформансите.

„Неговото забрзување до 160км/ч е вистинско лудило, но начинот на кој оди низ следните 160км/ч е буквално морничав“, стои во соопштението.

Chiron е направен за брзина, но и да понуди највисоко можно ниво кога е во прашање луксузот, комфорот, употребливоста и долговечноста.

За година и пол од премиерата продадени се 300 од вкупно 500 единици.

rr_1

Титулата „Луксузен автомобил на годината“ за 2017 година по Top Gear е новиот Rolls Royce Phantom.

Осмата генерација на Phantom е за многу познавачи „најдобриот автомобил на светот“, но и врв на луксузот.

Најстарото име во автоиндустријата пружа потполно ново искуство во возењето, а при тоа не мислиме на забрзувањето.

Rolls Royce Phantom има најтивка кабина на светот, што и не чуди со обзир на 130 килограми тешката вградена звучна изолација.

Повеќе вести од денес тука.

Facebook Comments

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.