Новото старо класично Mini изгледа фантастично, а изработката е врвна

3F210B7400000578-0-image-a-14_1491823128852

Иако новата верзија на Mini е релативно коректно одработена со ретро елементи, многу ентузијасти жалат за оригиналната верзија на оваа легенда.

Вистинското решение го нуди David Brown Automotive со својот модел Mini Remastered. Британската мануфактура создаде фантастичен автомобил, минимално менувајќи го екстериерот и имплементирајќи модерна технологија.

dd-composite-mini

Треба да се прецизира дека не се работи за преработка на постоечки автомобили, туку Mini Remastered е изработен од нула, со нови каросериски елементи и дополнително засилена шасија.

Бензинскиот агрегат од 1.3 литри е темелно модернизиран, а силата му е околу 100кс. Менувачот е и понатаму рачен со 4 степени на пренос, а вградени се и појаки сопирачки.

Кабината е првокласно изработена и претставува вистински спој на традиција и актуелни трендови.

Дрвото и металот се врвни, а тука се и Smith мерните инструменти, Moto-Lita управувачот и друго.

Ова е најверојатно најскапото Mini во историјата, карактеристично по тоа што е во потполност рачно изработено.

За склопување на едно вакво возило се потребни околу 1.000 работни часови, а купувачот може по желба да го персонализира секој детаљ на возилото и да одбере уникатна боја за екстериерот.

Повеќе вести од денес тука.

Facebook Comments

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.