На собраниската Комисија за одбрана и безбедност вчера беа усвоени измени на ЗБСП кои се носат по скратена постапка

Testovi-za-avto-skola

Наместо на 16 години, младите кандидати за возачи на 17 години ќе се стекнат со право за оспособување за управување автомобил. Горната граница во однос на важење на рокот на возачката дозвола ќе биде за лицата над 70 години, а не како досега над 65.

Ова се предвидува во измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата кој се носи по скратена постапка, а кои вчера беа усвоени на собраниската Комисијата за одбрана и безбедност.
Освен зголемувањето на возраста за стекнување право за оспособување за управување автомобил, предлагачите на измените пратениците од СДСМ, исто така предлагаат и бришење на критериумот тинејџерите да имаат одличен успех и примерно поведение.

79526

Лицата над 70 години кои ќе сакаат да ја продолжат возачката дозвола, ќе подлежат на задолжителни контролни здравствени прегледи, а дозволата ќе им се издава со важност од три години.

Стручните раководители во автошколите нема да треба да поседуваат возачка дозвола за сите категории А, Б, Ц и Д туку само за категориите за кои автошколата има лиценца.

Освен посочените измени се предвидува, исто така, наместо од 16 години управувањето со трактори да биде од 17 години.

images

Пратеникот Јован Митревски изјави дека со измените ќе се унапреди состојбата во однос на безбедноста на сообраќајот.

Повеќе вести од денес тука.

Facebook Comments

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.