Овој полициски Golf „фаќа“ стотка за 3,6 секунди и не застанува до максималните 290км/ч

02-tune-it-safe-golf-r

На Автосалонот во Есен секоја година имаме прилика да видиме многу интересни тјунинг проекти, а на овогодишното издание особено внимание привлече тјунираниот VW Golf наменет за полициска служба.

Зад овој „лут“ проект стои тјунинг куќата Oettinger, која 2.0-литарскиот турбо бензинец од Golf R го набилдала на 400кс.

400-PS-OETTINGER-VW-Golf-400R-Polizeiauto-Tuning-2017-2

При тоа, вртежниот момент е зголемен на 450Nm, а силата се пренесува на сите тркала преку 7-степен DSG менувач.

Службената номенклатура на моделот е Golf 400 R и наменет е за германската полиција.

400-PS-OETTINGER-VW-Golf-400R-Polizeiauto-Tuning-2017-1Имено, до брзина од 100км/ч стигнува за само 3,6 секунди, додека максималната брзина изнесува 290км/ч.

Заради импресивните перформанси тешко дека некој престапник ќе може да избега на овој друмски пресретнувач.

400-PS-OETTINGER-VW-Golf-400R-Polizeiauto-Tuning-2017-3Освен визуелните додатоци, тука се и новите 20-инчни Oettinger RXX фелни со Hankook Ventus S1 пневматици.

Повеќе вести од денес тука.

Facebook Comments

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.