Апсолутен рекордер прикладен за Риплиевата рубрика „Верувале или не“

490058a80aa88be585c6cf3e3ab5e4d94f3fd7c840f5b001acbd870b501801ef

Помалите сообраќајни незгоди на прометни градски крстосници се секојдневие за екипите на сообраќајната полиција ширум светот. Меѓутоа, една ваква несреќа во североисточниот германски град Нехајм ги вчудовиди полицајците.

По судир на две возила во центарот на овој град, полицијата дошла на увид, за да констатира дека причинители се 34-годишна жена и 74-годишен маж, за среќа без повреди и поголема материјална штета.

Но, тоа што било шокантно е што наведениот возач веќе 56 години возел во Германија, а никогаш не положил возачки испит и немал дозвола.

Полицијата соопштила дека возачот изјавил дека своевремено поднел барање за полагање возачки испит пред да замине на отслужување на воениот рок.

По враќањето, часовите на возачка обука не ги земал и не се стекнал со возачка дозвола.

Од тогаш поминале скоро 6 децении, Германецот така спокојно си возел и да не била наведената несреќа, најверојатно дека никогаш не би бил фатен во ова „херојско дело“.

Повеќе вести од денес тука.

Facebook Comments

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.