Спортскиот модел на компанијата Alfa Romeo, 4C ги затегна брчките во јануари минатата година, а сега италијанскиот произведувач подготвува ново унапредување

alfa-romeo-4c-render-2

Autocar прецизира дека Alfa Romeo 4C ќе добие технички подобрувања, но и дека нема повеќе да биде достапен со мануелен менувач.

Информациите ги потврди еден од шефовите на компанијата Роберто Федели, кој навести дека освежениот 4С ќе дебитира при крајот на наредната година, додека продажбата ќе започне во јануари 2019.

Италијанската „џебна ракета“ веројатно ќе добие и нов мотор, а потпирањето и управувањето ќе бидат подобрени.

alfa-romeo-4c-render-p

Актуелниот 4С добива критики заради однесувањето на патот и непредвидливото управување, а инженерите ќе се обидат да ги решат овие проблеми со имплементација на нови и подобри технологии.

Моделот 4С го движи 1.75-литарски бензински мотор со турбо полнач, кој испорачува 237кс и 350Nm вртежен момент. Од место до 100км/ч забрзува за нешто повеќе од 4 секунди, а максималната брзина изнесува 257км/ч.

Обновениот модел ќе добие и нови бои на екстериерот и ентериерот, нови фелни, а ќе бидат достапни и нови опции за прилагодување на возилото.

Повеќе вести од денес тука.

Facebook Comments

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.