Shelby Mustang од фабриката на соништата наречена Revology Cars

REV-6091

Shelby Mustang GT500 од фабриката на соништата наречена Revology Cars е „опасен“ проект, кој преку духот на носталгијата и придобивките на модерната технологија твори брилијантен спој на современ автомобил облечен во „класично одело“.

Revology-GT50042

Да се биде зад управувачот на легендарниот Mustang од 1967 година е епохален „филинг“, но доколку малку подобро размислиме, во такви ситуации ногата најверојатно ќе ви стане многу „тешка“, а да се седи во половина век старо возило на кого стабилноста не му е појака страна може да резултира со несакани последици.

Revology-GT50098

Токму ова го знаат и во фирмата Revology Cars, која е специјализирана за производство на автомобили во ретро стил, но во овој процес тие применуваат модерна технологија која возењето го прави безбедно и сигурно во секој поглед.

Revology-GT50088

Иако со екстериерот неодоливо потсетува на златните 60-ти од минатиот век, овој Shelby Mustang GT500 е погонуван од модерен V8 од Roush Performance, кој со помош на компресор испорачува дури 600кс.

Revology-GT50090-1024x683

Кога под ногата имаме ваква расна ергела, тогаш дефинитивно нема да сакаме да седиме во автомобил кој тешко се кроти, за што се задолжени новите сопирачки и потполно ново подвозје.

Revology-GT50023

Секако, тука е и модерен infotainment систем, лед осветлување и многу други ситници специфични за модерното време во кое живееме.

Revology-GT50055

Како што кажавме, RC Shelby Mustang GT500 – идеален спој на модерното со ретро носталгија за минатите времиња:

Повеќе вести од денес тука.

Facebook Comments

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.