Групацијата GAZ би можела повторно да започне со производството на легендарната Volga, но со современ дизајн

25591758_1755911957765954_5704475235548870893_n

Групацијата GAZ би можела повторно да започне со производството на легендарната Volga, но со современ дизајн, изјави во интервјуто за листот Vedomosti шефот на директорскиот совет и косопственикот на компанијата „Руски машини“ Зигфрид Волф.

„По мое мислење, доколку повторно започнеме со производство на Volga, таа ќе ги поседува сите карактеристики со кои се издвојуваат нашите производи – конкурентна цена, висок квалитет и доверливост.“

Volga

За сега не е јасно на каква платформа би се базирал овој автомобил – оригинална или позајмена.

„Тоа е она на што сега работиме“, објасни Волф.

Високиот претставник на „Руските машини“ не сакаше да открие детали, а извори блиски на компанијата наведуваат дека одлуката за покренување на комерцијален автомобил од марката Volga за сега не е донесена.

Повеќе вести од денес тука.

Facebook Comments

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.