Супер автомобилот на Aston Martin вреден 2,3 милиони долари е направен исклучиво за тркачка патека, на која може да излезе исклучиво со дозвола на компанијата

vulcan-1514296581

Британската компанија RML Group по 18 месеци работа успеа да модификува еден примерок на Aston Martin Vulcan и да го конвертира да биде легален за друмски сообраќај.

Супер автомобилот на Aston Martin вреден 2,3 милиони долари, исто како и McLaren P1 GTR, е направен исклучиво за тркачка патека, на која може да излезе исклучиво со дозвола на компанијата.

Меѓутоа, RML Group создаде вистински уникат, кој ќе може да се вози како обичен автомобил.

0000001vulcan

Инженерите на компанијата го опремија Vulcan со нова хауба со оригинални Aston Martin фарови од DB11 моделот и браник со DRL светла. Освен ова, вградени се и покажувачи на правец на задниот дел на панелите на задниот спојлер.

Модификуван е и системот за ладење и потпирањето, а унапредена е и безбедноста. RML групацијата го задржала 7.0-литарскиот V12 мотор со импресивни 820кс.

Повеќе вести од денес тука.

Facebook Comments

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.