Анонимен купувач кешираше 400.000 евра за еден одличен примерок на култната Lancia Stratos од 1974 година

Lancia Stratos7

Станува збор за 44-от примерок на друмската изведба на рели легендата Lancia Stratos, година на производство 1974, со до сега двајца сопственици. На одометрот стои бројка од само 71.000 изминати километри, а како може да се види од видео материјалите, возилото е во одлична состојба.

Lancia Stratos денес е вистинска колекционерска икона и е модел во кој автоентузијастите гледаат со стравопочит. Друмските верзии се направени заради хомологациски причини, со цел натпреварување во рели првенство.

Од предвидени 500 единици, направени се 492, од кои една сега е продадена на аукцијата Bring a Trailer.

За погон на оваа Lanciа се грижи 2.4-литарски V6 Dino мотор од 190кс, во пар со 5-степен рачен менувач, а силата се пренесува на задните тркала.

Продавачот прецизираше дека возилото е во перфектна кондиција и е подготвено за врвни изложби.

За култни автомобили, кои се во ваква состојба треба да се издвои вистинско финансиско богатство, а тоа се случи и со овој примерок. Иако почетниот износ изнесувал 140.000 долари, со наддавање на неколку заинтересирани купувачи се дошло до цена од дури 400.000 евра.

Во секој случај, новиот сопственик си купил навистина идеален новогодишен подарок.

Повеќе вести од денес тука.

Facebook Comments

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.