Некои стручњаци смело најавуваат дека моќните SUV модели ќе ги „закопаат“ дури и спортските автомобили

Ferrari Suv Cars Price In India Lovely ferrari boss confirms a u

SUV сегментот периодов рапидно расте, а веќе наредните години очекуваме дека потполно ќе ја преземе доминацијата на автомобилскиот пазар.

Офанзива најавуваат Jeep, Ford, Audi, Land Rover, Tesla, Rolls-Royce, Mercedes, па дури и Ferrari. Некои стручњаци смело најавуваат дека моќните SUV модели ќе ги „закопаат“ спортските автомобили.

На Audi SUV гамата, кои веќе ја сочинуваат Q3, Q5 и Q7, од 2019 година ќе се приклучи и помалиот Q4 и најголемиот Q8.

maxresdefault-1-1024x678

За неколку месеци го очекуваме дебито на Rolls-Royce 4×4, кој во оваа легендарна компанија упорно одбиваат да го наречат SUV, туку го претставуваат како „возило со повишен клиренс“. Автомобилот ќе ги комбинира луксузните елементи на Phantom со реални 4х4 карактеристики.

Многу ентузијасти се згрозуваа на самата Lamborgini SUV идеја, а кога конечно Urus се појави на пазарот скоро сите беа одушевени. Токму заради ова во сегментот наскоро влегува и Ferrari.

Проектот под кодно име FX16 ја дели платформата со GTC4Lusso, а на пазарот го очекуваме за две години.

Audi e-tron quattro concept

Успехот на Bentley Bantayga и Mаserati Levante влијаеше и врз Mercedes, а одговорот се подготвува во вид на ултра луксузен Maybaсh со V8 и V12, кој ќе биде конкуренција и на Rolls-Royce. Maybach SUV го очекуваме во 2020 година.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.